Фото: Инсаграм профил /Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека протестите поради приведувањето на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу се претвориле во „движење на насилство“ и најави дека главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) ќе одговара за повредените полицајци и за штетата предизвикана за време на демонстрациите.

Ердоган по владиниот состанок во Анкара рече дека „ЦХП треба да престане да ги провоцира граѓаните“.

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја претходно изјави дека демонстрантите ја загрозуваат националната безбедност, додавајќи дека во петдневните протести се приведени 1.133 лица, а повредени се 123 полицајци.