Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган смета дека неговиот руски колега Владимир Путин сè уште има намера да го обнови меѓународниот договор за да се дозволи извоз на жито од Украина.
-Верувам дека рускиот претседател Путин сака продолжување на овој хуманитарен мост, и покрај денешната [руска] изјава – изјави Ердоган за новинарите во Истанбул, мислејќи на договорот за извоз жито преку Црното Море.
Ердоган пред да замине на дводневна турнеја во Персискиот залив во Саудиска Арабија, Катар и ОАЕ, рече дека ќе разговара со рускиот лидер пред очекуваната посета на Путин на Турција во август.
-Договорот за продолжување на спогодбата за извоз жито „без прекини“ сè уште може да биде возможен пред посетата на Путин во август – рече Ердоган, додавајќи дека за таа цел се водат преговори.