Фото: инстаграм профил/Александар Вучиќ

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека декларацијата потпишана на самитот во Шарм ел-Шеик за Газа претходниот ден би можела да означи нова пресвртница на патот кон траен мир во регионот, јави Анадолија.

Во обраќањето на настан на неговата Партија за правда и развој (АК) во Анкара, Ердоган рече дека за чекорите за реконструкција на Газа ќе се дискутира и ќе се одлучи заедно со САД и земјите од Заливот.

Тој ги даде овие изјави по вчерашниот самит во египетскиот туристички град Шарм ел-Шеик со кој копретседаваа американскиот претседател Доналд Трамп и египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси.

На самитот присуствуваа повеќе од 20 светски лидери, меѓу кои и Ердоган, за да потпишат договор за прекин на огнот во Газа со кој се стави крај на војната.