Бројот на заболени од мали сипаници во САД надмина 700, а епидемија е регистрирана во вкупно шест американски држави – јавија денеска американските медиуми.
Од почетокот на годината како последица на оваа болест починаа три лица, две невакцинирани деца на училишна возраст во Западен Тексас, како и еден возрасен во Ново Мексико кој исто така бил невакциниран.
Последните пет случаи на мали сипаници денеска ги потврдија здравствените власти во Канзас.