Земјите-членки на ЕУ треба да ја зголемат воената, политичката и хуманитарната помош за Украина соочени со агресијата што произведе „тектонски поместување во геополитичкото опкружување“, се наведува во годишниот извештај за надворешната и безбедносната политика усвоен денеска од ЕП.
Европратениците во извештајот усвоен со големо мнозинство истакнуваат дека „бројни автократии ширум светот внимателно го следат одговорот на ЕУ на руската воена агресија врз Украина и дека тоа ќе има одлучувачко влијание врз нивното однесување на меѓународната сцена“.
Затоа, ЕУ и нејзините земји-членки „за да бидат кредибилен актер, треба да ја зголемат својата воена, политичка и хуманитарна помош за Украина и да ја зајакнат одбраната во борбата против руските закани за европската безбедност“.
Во извештајот, исто така, се наведува дека „тектонската промена во геополитичкото опкружување предизвикана од руската воена агресија против Украина и другите меѓународни предизвици“, како што се сè понаметливата надворешна политика на Кина и климатската криза, укажуваат дека „побрза и порешителна имплементација на концептот на стратешки суверенитет и геополитичко будење на ЕУ“, но и поблиска соработка со НАТО и „сојузниците истомисленици ширум светот“.
Во извештајот се предлага и ЕУ да добие постојано место во Советот за безбедност на ОН.
Европратениците оценуваат дека треба да се користи квалификувано мнозинство за одлучување за прашања без воени импликации, „особено ако се однесуваат на санкции и човекови права“.
Извештајот за заедничката безбедносна и одбранбена политика, кој исто така денеска беше усвоен со 459 гласа „за“, го повика германскиот канцелар Олаф Шолц без одлагање да и ги достави на Украина тенкови „Леопард 2“.