Ниту една земја во историјата на војувањето не добила толкава воена помош како Украина
Ниту една земја во историјата на војувањето не добила толкава воена помош како Украина, пренесува белградска „Политика“. Во април 2022 година, по помалку од два месеца војна, украинскиот премиер Никола Азаров истакна дека неговата процена е оти Украина нема да може да ѝ се спротивстави на Русија уште долго, со оглед на арсеналот што го има на располагање за време на неговата администрација. Не многу долго потоа, оружјето од земјите на НАТО и нивните сојузници почна масовно да пристигнува во Украина.
Прва тргна Полска, која предаде 200 стари советски „Т-72“, кои беа во нејзиниот арсенал уште од времето на Варшавскиот пакт. Потоа испратија своја модификација на овој тенк од 1990-тите, „ПТ-91 тварди“. До крајот на есента, советскиот арсенал во поранешните членки на Варшавскиот пакт, со исклучок на Унгарија, беше главно исцрпен, а на почетокот на 2023 година, најдобрите тенкови на НАТО, прославените британски „челинџер-2“, германскиот „леопард“ и американскиот „абрамс М1“ заминаа во Украина.
Од пролетта 2022 година до денес, во Украина се испратени стотици тенка, илјадници оклопни возила, ракети и артилериски системи, стотици илјади беспилотни летала и милиони артилериски проектили. Вредноста на испорачаното оружје се мери во стотици милијарди долари. Педесет земји официјално испратија оружје во Украина. Најзначајна поддршка, покрај членките на НАТО, на Украина ѝ испрати Австралија – 120 оклопни пешадиски возила од домашно производство „буршмистер“ и стотина други специјални возила, артилериски системи и друга опрема. Покрај тоа што беше официјално евидентирано, нема сомнеж дека во Украина пристигна воен материјал и од оние земји што официјално не го одобрија.
Голем проблем за украинската армија претставува недостигот од муниција, особено за советските артилериски системи од калибар 122 и 152 милиметри, како и ракети за повеќецевните фрлачи „град“. Тоа беше очигледно уште од првите денови на конфликтот во Донбас, кога Владата во Киев ја загуби контролата над единствената фабрика за артилериска муниција во земјата, лоцирана во Луганск. Во следните осум години Украина не успеа да основа нова фабрика за производство на муниција. И покрај огромната помош од Западот, советското вооружување продолжува да игра суштинска улога во украинската воена машина, заклучува „Политика“. Р.С.