Фото: Пиксабеј

Еквадорскиот претседател Даниел Нобоа направи уште еден чекор во неговите напори да привлече странска воена помош за борба против нарко-картелите и организираните криминални групи кои стојат зад ескалацијата на насилниот криминал во изминатите четири години, објави АП. Претседателот му нареди на Министерството за надворешни работи да побара договори за соработка со „сојузничките земји“ кои ќе овозможат „привремено вклучување на специјалните сили“ за поддршка на еквадорската полиција и вооружените сили.

Зголемувањето на насилството во јужноамериканската земја е поврзано со шверцот на кокаин произведен во соседните Колумбија и Перу. Мексиканските, колумбиските и балканските картели имаат присуство во Еквадор и функционираат со помош на локални криминални банди, потенцира АП.

За време на владеењето на Нобоа, стапката на убиства се намали од 46,18 на 100.000. луѓе во 2023 година до 38,76 на 100 илјади луѓе минатата година. Но, стапката останува далеку повисока од 6,85 на 100.000 луѓе во 2019 година, а за оваа година земјата веќе е на пат да ја надмине сите овие бројки. Јануари стана најсмртоносниот месец во историјата на Еквадор со 731 убиство, забележува АП.