Eksplozija Oslo ambasada
Фото: ЕПА

Силна експлозија одекна пред Американската амбасада во Осло главниот град на Норвешка, при што е причинета помала материјална штета, но нема загинати или повредени, соопшти норвешката полиција.

  – Полицијата е во комуникација со амбасадата и нема пријавени повредени – се вели во соопштението што го пренесе „Би-би-си“.

-Големи број на полициски сили, вклучувајќи кучиња трагачи, дронови, вооружени полицајци и хеликоптери беа испратени во областа во норвешката престолнина околу 01.00 часот по локално време (00.00 GMT) – соопшти полицијата.

Се додава дека во моментов „нема информации за тоа што точно се случило или кој може да биде вклучен“, ниту каков тип експлозивна направа била употребена.

Амбасадата претрпе помала штета, велат медиумите. Вработените во дипломатската мисија во САД не дадоа коментари.