Швајцарската полиција изјави за „Скај њуз“ дека во експлозија во бар во скијачки центар загинале најмалку 10 лица, а уште 10 се повредени.
Полицијата, исто така, потврди дека инцидентот не се третира како терористички напад.
Портпаролот на полицијата претходно изјави дека има многу повредени и многу мртви.
– Имаше експлозија од непознато потекло – изјави портпаролот на кантоналната полиција Галтан Латион.
Експлозијата се случила во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана, во кантонот Вале за време на новоогдишната прослава околу 1:30 часот по локално време во барот „Констелејшн“, кој е многу популарен кај туристите.
Сликите објавени во швајцарските медиуми покажаа зграда во пламен и служби за спасување во близина.
– Операцијата е сè уште во тек – нагласи портпаролот.
































