Околу 9:30 часот утринава комбе се запали на улицата Варен во Париз. Настанот се случил во близина на хотелот Матињон, каде што премиерот во заминување Себастијан Лекорну требаше да се сретне со лидерот на Сенатот, Жерар Ларшер, и претседателката на Националното собрание, Јаела Браун-Пивет, пренесува МИА.
Официјалната канцеларија на Лекорну се наоѓа токму во тој хотел.
Во неколку видеа објавени на социјалната мрежа X, може да се види црн чад како се извива од страничната врата на бело комбе од Сиелис, компанијата одговорна за уличното осветлување во Париз.
На улицата и околу зградите е воспоставен е безбедносен периметар, наведе „Ла Паризиен“.
Противпожарната служба на Париз објави дека пожарот не се проширил на соседните згради и дека бил изгаснат многу брзо. Според пожарникар на местото на настанот, експлозиите што се слушнале всушност биле детонации на мали контејнери со аеросол, а не гас.
Пожарникарите претпоставуваат дека опремата на компанијата што се користи за откривање на кратки споеви се запалила, а пламенот потоа се проширил низ целото возило. Освен комбето, изгорела и тендата на блиската продавница.
Засега нема пријава за повредени лица.