Фото: Фејсбук/Зелени Балкани/Green Balcans

Новогодишната баханалија со татнежи и огномет годинава чинеше 600 трупови птици во само еден бугарски град. Податоците ги изнесе невладината организација „Грин Балканс“ а ги објави порталот „Сега“. Тешко дека некој може и да замисли колку животни се убиваат вкупно за време на прославите, и секоја година за време на овој тип на бугарска прослава, додава порталот.

Информациите се однесуваат на Копривштица. На труповите на птиците им е извршена обдукција, врската меѓу смртта и огнометот стана видлива токму на обдукцијата – фаталниот исход се должи на хеморагии од стрес. Еве го подетално соопштението на невладината организација:

„На првиот ден од новата година во Центарот за спасување на диви животни „Зелен Балкан“ беа примени вкупно 606 планински сипки, од кои 591 починаа. На 1 јануари загрижени граѓани ни пријавија масовно угинување на мали птици пејачки кај Копривштица.

Екипа на „Зелениот Балкан“ отпатува до местото каде што дознавме дека се повредени стотина планински сипки. По обдукцијата на мртвите сипки извршена во амбулантата на Центарот за спасување, сите ветеринарни специјалисти од Центарот се едногласни дека се работи за смрт предизвикан од стрес. Тоа го докажаа масивните крварења во абдоминалната празнина и на черепите на птиците. Факт е дека масовната употреба на пиротехнички средства за време на новогодишните празници предизвикува стрес и го загрозува животот на животните – и на домашните и на дивите, а не и најмалку важно на луѓето кои ги користат неселективно и неконтролирано“.

Особено, планинската сипка (Fringilla montifringilla) е заштитена со Законот за биолошка разновидност. Се наоѓа на светската црвена листа – „незагрозен вид“, но со намалена популација.