Украинскиот претседател Володимир Зеленски беше законски избран на фер, слободни и демократски избори. Украина е демократија, а Русија под (рускиот претседател Владимир) Путин не е, изјави денеска портпарол на Европската комисија, одговарајќи на прашања поврзани со изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп.
– Не можам да претпоставам од каде американскиот претседател црпи информации за да дава вакви изјави – додаде портпаролот.
Тој истакна дека во рамките на ЕУ се одржуваат состаноци на различни нивоа во врска со можностите за постигнување праведен и траен мир во Украина.
Портпаролот нагласи дека решение не може да се постигне без учество на Украина и Европската Унија.
– Безбедноста на Украина е поврзана со безбедноста на Европската Унија- заклучи тој.