Фото: ЕПА

Еврокомесарот за јавна администрација, Пјотр Серафин, изјави дека Европска комисија ја разгледува можноста за формирање сопствена разузнавачка единица, во контекст на актуелната геополитичка состојба.

-Имајќи ја предвид моменталната сложена геополитичка и геоекономска средина, важно е ЕК да ја зајакне отпорноста на Европска Унија од безбедносните закани – истакна Серафин.

Тој посочи дека Комисијата прави проценки за тоа „како најдобро да ги зајакне своите внатрешни структури за да можат поефикасно да одговорат на еволуирачките предизвици“.

Според најавите, евентуалната нова разузнавачка единица би функционирала во рамки на институционалната структура на ЕУ и би соработувала со Европска служба за надворешни работи, која е надлежна за дипломатските активности на Унијата.

Оваа иницијатива доаѓа во време на зголемени безбедносни ризици и геополитички тензии, при што ЕУ настојува да ја зајакне својата институционална подготвеност и координација во однос на заканите.