Опасноста Москва да употреби нуклеарно оружје во конфликтот во Украина е намалена бидејќи меѓународната заедница „повлече црвена линија“, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.
– Едно нешто се промени: Русија престана да се заканува со употреба на нуклеарно оружје – рече германскиот канцелар во интервју за германската медиумска група „Функе“ и весникот „Уест Франс“.
Шолц објасни дека таквата ситуација е резултат на тоа што меѓународната заедница, вклучително и Кина, „повлече црвена линија“.
– Засега го запревме – додаде Шолц, мислејќи на ризикот од нуклеарна ескалација.
По неколкуте закани од страна на руските претставници во последните месеци, претседателот Владимир Путин вчера посочи дека Москва нема да употреби нуклеарно оружје, дека го смета за средство за одбрана и додаде: „Кога некој ќе нè удри, ние враќаме“.