Илустрација/Фото: Фејсбук - Володимир Зеленски

Едно лице загина, а најмалку три се повредени по денешниот руски напад во областа Херсон, соопшти Регионалното обвинителство.

– Покрената е истрага за смртта и повредите предизвикани од непријателското гранатирање на населбата Билозерска во Херсонската област. Русија ја гаѓаше населбата околу 19 часот по локално време – соопшти обвинителството.