Властите во Пакистан информираа дека нивната војска соборила два авиони на Индиските воздухопловни сили, со што ескалира конфликтот на територијата Кашмир, информира Би-би-си. Протпаролот на пакистанската војска изјави дека еден од авионите е соборен на територија на Пакистан и пилотот на леталото е уапсен.
Официјална Индија сè уште нема коментар за ситуацијата, но тие пак потврдија дека еден пакистански авион е соборен. Претходно Пакистан соопшти дека погодиле неколку воени индиски цели, еден ден откако индиската армија ги нападна милитантните сили.
Конфликтот ескалира откако по пакистанските милитанти во Кашмир нападнаа и усмртија 40 војници на Индиската војска. Самоубиствениот напад на 14 февруари оваа година беше најсмртоносниот воен напад во регионот Пулвама кој бил спроведен во тридекадниот судир против индиската власт во Кашмир.
– И Пакистан и Индија тврдат дека територијата Кашмир во која предоминантно е муслиманското население им припаѓа ним, но и двете држави контролираат само дел од овој регион. Двете сили кои располагаат со нуклеарно оружје, беа во три воени конфликти и повеќе изолирани воени инциденти од нивната независност од Велика Британија во 1947 година и сите освен една беа за територијата Кашмир – констатираат од Би-би-си.
Ескалацијата на воениот судир ги принуди индиските власти да постават рестрикции на воздушниот простор на Пакистан, а повеќе комерцијални авиони започнаа да го избегнуваат овој регион. Исто така, голем дел од луѓето кои живеат на границата беа советувани да ги напуштат своите домови, поради компромитираната безбедност на териториите.
Историјат на индиско-пакистанскиот конфликт:
Октомври 1947: Првата војна меѓу Индија и Пакистан за Кашмир, само два месеци откако станаа независни земји.
Август 1965: Краток конфликт на двете земји, повторно за Кашмир.
Декември 1971: Индија ја поддржа независноста на Источен Пакистан. Индиските возухопловни сили бомбардираат цели на територијата на Пакистан. Војната завршува со создавањето на Бангладеш.
Мај 1999: Пакистански војници и милитанти заземаат повеќе локации на индиската војка на планината Каргил. Индија спроведува воздужи и земјени напади и пакистанците се повлекуваат.
Октомври 2001: Смртоносен напад врз државен собир на кој загинаа 38 луѓе во Кашмир, тогаш контролиран од индиските власти. Два месеци подоцна, нападнат е индискиот парламент во Делхи, каде загинаа 14 лица.
Ноември 2008: Координирани напади врз главната железничка станица во Мумбаи, луксузни хотели и еврејски центар резултираа со 166 човечки жртви. Индија тогаш ја обвини пакистанската групиа Лашкар-е-Таиба за нападите.
Јануари 2016: Четири-дневниот напад врз индиската воздушна база во Патанкот резултира со тринаесет жртви, седум индиски војници и шест пакистански милитанти.
18 септември 2016: Напад врз воената база Ури во Кашмир кој е под индиска контрола, загинати 19 војници
30 септември 2016: Индија објавува дека спровела тајни напади на повеќе милитантни групи во пакистанскиот дел на Кашмир, Исламабад негира дека се случиле вакви напади.