Фото: Пиксабеј / Илистрација

Две тела биле пронајдени во делот за тркала на авион на авиокомпанијата „JetBlue“, на меѓународниот аеродром Форт Лодердејл на Флорида.

Ова е втор сличан случај во САД во изминатиот месец.

Телата биле пронајдени во понеделникот за време на стандардна проверка по слетувањето на авионот, јавија синоќа дел од американскитее медиуми. Авионот полетал од меѓународниот аеродром Кенеди во Њујорк.

Од авиокомпанијата соопштија дека се спроведува истрага за околностите под кои починатите лица се нашле во авионот. Болничарите констатирале смрт на двете лица на самото место, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Бровард, истакнувајќи дека станува збор за мажи.

Според веб-страницата FlightAware.com, пред летот Њујорк – Форт Лодердејл, авионот претходно престојувал во Кингстон на Јамајка и Солт Лејк Сити, соујзна држава Јута. Се претпоставува дека лицата се качиле во авионот во Јамајка.

При крајот на декември едно тело беше пронајдено во делот за тркала на авион на „Јунајтед Ерлајнс“, што летал од Чикаго за Хаваи.