Официјална Москва денеска соопшти дека двајца руски воени офицери загинале на фронтот во Украина.
– Полковниците Вјачеслав Макаров и Евгениј Бровко „херојски“ загинаа во Украина – изјави на брифинг портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.
Борбите се интензивираа во последните денови, а Москва тврди дека одбила украински напад на 95-километарската линија на фронтот во источна Украина.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на последниот ден, „непријателот направил масовен обид да ја пробие одбраната на руските војници, северно и јужно од Бахмут“, пренесува Бета.
– Сите напади беа одбиени – се вели во соопштението на руското Министерство.