Фото: Маја Јаневска-Илиева

На 18 декември на влезот за камиони на граничниот премин Ѓуешево во Бугарија пристигнале два камиона со македонски регистерски таблички, кои превезувале товар руда за Турција. Царинските инспектори ги пренасочиле моторните возила на темелен царински преглед. Во приколката од втората композиција пронајдени се специјално прилагодени скривалишта – шуплини во дрвени попречни штици (хоризонтални странични прегради). Пронашле 320 пакетчиња со наркотичната супстанца – марихуана. Вкупната тежина на предметот на кривичното дело е 137,045 кг.

Под раководство на Окружното обвинителство – Ќустендил се води истрага за предистражна постапка за шверц на наркотична супстанца преку границата на државата.

Во случајот обвинети се возачите на камионите – државјани на Македонија, Г.Н. и И.М. Со уредба на надзорниот обвинител на лицата им е одреден притвор до 72 часа. Во судот се чекаат барања за определување притвор.