Дмитриј Песков/Фото: Кремљ

Русија денеска соопшти дека беспилотните летала над Копенхаген, поради што беше затворен аеродромот четири часа, не се нејзини.

– Секогаш слушаме неосновани обвинувања – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков одговарајќи на изјавата на премиерката на Данска, Мете Фредериксен, која го осуди прелетот на дронови над Копенхаген како и не ја исклучи руската вмешаност.

Таа оцени дека тоа е најсериозен напад врз критичната инфраструктура на Данска досега.

– Ова кажува нешто за времето во кое живееме и за тоа на што како општество треба да бидеме подготвени. Секако, не исклучуваме ниту една можност за тоа кој стои зад тоа – додаде Фредериксен.

Таа нагласи дека инцидентот е во согласност со неодамнешните појави на дронови, нарушувања на воздушниот простор и кибернапади врз европските аеродроми.