Дрон кој носел бомба погоди танкер со нафта поврзан со израелскиот милијардер Ajдан Офер во близина на брегот на Оман, соопшти денеска претставник на одбраната на Блискиот Исток.
Нападот се случил доцна синоќа, а воените структури на Велика Британија, кои го следат поморскиот сообраќај во тој регион, соопштија дека се „свесни за инцидентот и моментално го истражуваат нападот“.
Службеникот го идентификуваше нападнатиот брод како танкер за превоз на нафта „Пацифик Циркон“.
Со танкерот управува компанијата Истерн Пацифик Шипинг (Eastern Pacific Shipping) со седиште во Сингапур и во сопственост на израелскиот милијардер Ајдан Офер.
Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.