По повеќе од шест децении, американското девојче познато како „малата госпоѓица“ (Little Miss Nobody), конечно доби име. Канцеларијата на шерифот на Округот Јавапај во Аризона, САД, одржа прес-конференција на којашто објави дека со ДНК-технологија, го идентификувале претходно непознатото девојче, чии останки се пронајдени во пустината во Аризона во 1960 година. Нејзиното име било Шерон Ли Галегос.
– Во 1960, луѓето немаа поим за каква било ДНК-технологија. Тие дури и не знаеја како да го наречат тоа. Не постоеше. Но, некако, на некој начин, тие направија доволно истрага за да ги зачуваат, документираат – да се запомнат и сочуваат сите оние работи што ни требаа за еден ден да може да дојдеме до оваа точка – рече шерифот Дејвид Роудс.
Внукот на Галегос, Реј Чавез присуствуваше на прес-конференцијата за да сподели дека приказната за исчезнувањето на неговата тетка е нешто со коешто тој израснал во неговото семејство.
Галегос наводно била киднапирана на 21 јули 1960 додека си играла со уште две деца во Аламогордо, во американската сојузна држава Ново Мексико. Таа имала 4 години, а мртвото тело е најдено 10 дена подоцна. Наводните киднапери никогаш не се пронајдени, соопштија властите.