НАТО не негува анимозитет кон рускиот народ, ниту го доведува во прашање статусот на Русија како светска сила – изјави премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон во текст за „Њујорк Тајмс“.
– Ние немаме непријателство кон рускиот народ и немаме желба да ја оспоруваме големата нација и светска сила – наведува Џонсон, истакнувајќи дека „Украина нема сериозни изгледи за членство во НАТО во блиска иднина“.
Британскиот премиер наведува дека руската инвазија врз Украина не е конфликт со НАТО и дека тоа нема да се случи.
– Ниту еден сојузник не испрати борбени трупи во Украина – вели британскиот премиер.
Британската престолнина во вторник, на 8 март, ќе биде домаќин на лидерите на Вишеградската група (Полска, Чешка, Словачка, Унгарија), кои ќе учествуваат на специјален состанок со Џонсон, а ќе биде посветен на ситуацијата во Украина.