Триесет и деветиот американски претседател Џими Картер почина на 100-годишна возраст во својот дом во Плејнс, Џорџија.
Картер беше најстариот жив американски претседател на сите времиња. Добитник е на Нобеловата награда за мир.
Во последниве години тој се лекуваше од агресивна форма на меланомски рак на кожата, со тумори кои се прошириле на црниот дроб и мозокот.
Неговата сопруга Розалин почина на 19 ноември 2023 година, на 97-годишна возраст.
Картер последен пат беше фотографиран пред својот дом со семејството и пријателите додека го гледаа прелетот одржан по повод неговиот 100-ти роденден.
Картер, производител на кикирики од мал град, ветеран на американската морнарица и гувернер на Џорџија од 1971 до 1975 година, беше првиот претседател од длабокиот југ од 1837 година и единствениот демократ избран за претседател помеѓу мандатите на Линдон Б. Џонсон и Бил Клинтон.
Како 39-ти претседател на нацијата, тој владееше со силно демократско мнозинство во Конгресот.
Четири години по преземањето на функцијата, Картер ја загуби својата кандидатура за реизбор, убедливо, од една од најконзервативните политички фигури во ерата, Роналд Реган.
Американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден објави дека државниот погреб на поранешниот претседател Џими Картер ќе биде на 9 јануари во Вашингтон.
Бајден го прогласи 9 јануари за национален ден на жалост низ САД и нареди американските знамиња да бидат на половина копје 30 дена.