FBI
Фото: ЕПА

Директорот на ФБИ Кеш Пател нареди големо прераспоредување на персоналот, испраќајќи 1.000 агенти на ФБИ од седиштето на Вашингтон во различни канцеларии на терен, јави Ен-би-си њуз, повикувајќи се на тројца сегашни и двајца поранешни функционери на ФБИ.

Пател, исто така, наредил уште 500 агенти од штабот да одат во објектот на ФБИ во Хантсвил, Алабама.

Американскиот ТВ-канал наведува дека ова прераспоредување „не е без преседан“, бидејќи Луис Фри, кога стана директор во 1993 година, наредил префрлање на одреден број агенти за надзор „од штаб на терен“.