Фото: Пиксабеј

Полицијата попладнево соопшти дека инцидентот кој се случи утринава за време на новогодишната прослава во Њу Орлеанс, кога возач на пикап удри во толпа луѓе и усмрти десет, а повреди 35 лица, бил „намерен“ и дека напаѓачот пукал во луѓето.

Осомничениот за пукањето во Њу Орлеанс е мртов, изјави федералниот службеник за спроведување на законот за Си-ен-ен.

Индициите се дека осомничениот делувал намерно, рече службеникот.

ФБИ и полицијата вршат претрес на возилото за да го утврдат мотивот.

Градоначалничката на Њу Орлеанс, Латоја Кантрел инцидентот го нарече „терористички напад“, но ФБИ, кој ја презеде истрагата, соопшти дека не се работи за терористички напад и додаде дека на местото на настанот е пронајдена импровизирана експлозивна направа.

Американскиот претседател Џо Бајден бил информиран за инцидентот, соопшти Белата куќа. Во соопштението се додава дека претседателот е во контакт со градоначалникот на Њу Орлеанс Латоја Кантрел за да понуди поддршка.

Инцидентот се случи на улицата Бурбон за време на новогодишната прослава околу 03:15 часот по локално време. Тоа е улица позната по бројните барови и клубови. Улицата е затворена, а сите служби се на терен.