Фото: Пиксабеј/Илустрација

Десет рудари се повредени по земјотрес во рудникот за јаглен Ридултови, во јужна Полска, а по десетици други се трага – соопштија денеска локалните власти.

Се уште не е утврдена причината за земјотресот, што се случи на длабочина од 1.200 метри утринава околу 8 часот.

Официјалните лица соопштија дека во тоа време во окното на рудникот имало 68 рудари.

На површина излегле 15, од кои 10 се повредени и хоспитализирани.

Болницата во блискиот град Катовице извести дека сите се во стабилна состојба.

Рудникот е отворен во 1792 година и вработува околу 2.000 рудари.