Делегација на високи претставници на палестинското движење „Хамас“ утре ќе замине во Египет за да разговара за планот за прекин на огнот предложен од Каиро.
Делегацијата ќе ги претстави своите ставови за планот предложен од Египет за ставање крај на конфликтот на палестинската територија, изјави претставник на Хамас.
Планот им беше претставен минатата недела на високи претставници на Хамас и Исламски џихад кога го посетија Каиро.
Според извор близок до Хамас, египетскиот план, кој е во три фази, предвидува прво да се обноват прекините на огнот, а потоа етапно ослободување на десетици заложници кои ги држеше Хамас, во замена за ослободување на палестинските затвореници од израелските затвори и конечно траен прекин на огнот кој ќе стави крај на конфликтот.
Планот предвидува и создавање на палестинска влада на технократи како резултат на дијалог во кој ќе бидат вклучени сите палестински фракции. Владата ќе има задача да ја води обновата на Појасот Газа по завршувањето на војната.
Портпаролот на Министерството за здравство во Појасот Газа, Ашраф ал Кидра соопшти дека 20 Палестинци се убиени во Рафа, а 55 ранети во израелски воздушен напад.