Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина денеска упати итен апел за собирање на 115 милиони долари за помош на жртвите од разорниот земјотрес во Мјанмар.
– За да ја зајакнеме нашата поддршка, упатуваме итен апел за собирање 100 милиони швајцарски франци (115 милиони долари) за помош на 100.000 луѓе (20.000 домаќинства) – се вели во соопштението на најголемата светска хуманитарна мрежа.
Според последните податоци, во земјотресот во Мјанмар загинале 1.644 лица, а 3.408 се повредени.
Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала се случи завчера, а погодени беа и делови од Тајланд.