Меѓународниот комитет за спасување денеска предупреди дека цивилите во Украина се соочуваат со „катастрофална здравствена криза“, додека нападите на здравствената инфраструктура го ограничуваат пристапот до „услуги и материјали за спасување живот“ – јави Си-Ен-Ен.
Беше соопштено и дека евидентирани се 64 напади врз здравствени установи, транспорт и персонал, за време на четирите недели од инвазијата.
Во тој период, Меѓународниот комитет за спасување тврди дека над 4.300 бебиња се родени во Украина, 80.000 се очекуваат во наредните три месеци. Но, „додека украинскиот здравствен систем продолжува да пропаѓа, ризикот за новите мајки и бебиња се зголемува“.
Се посочува и дека постојат ризици, луѓето сместени во преполни прифатни центри и бункери, да се заразат со Ковид-19, а Украина доживеала и епидемија на полио (детска парализа), но, поради конфликтот, нарушена е вакцинацијата.
Според лице од Меѓународниот комитет за спасување, Украина се бори и со високи стапки на ХИВ/СИДА и на туберкулоза.
Меѓународниот комитет за спасување повика „глобалните лидери да дадат приоритет на поддршката за најранливите, вклучувајќи ги жените, децата и постарите лица“.