Четири лица се хоспитализирани во тешка или критична состојба откако мал авион се урна во дворот на куќа во предградието на Денвер, во американската сојузна држава Колорадо.
Меѓу повредените патници има двајца возрасни и две деца, јави Си-би-ес њуз.
Авионот се запалил откако се урнал, изјави Алекс Лемишко, претставник на Националниот одбор за безбедност во сообраќајот.