Британецот Вишваш Кумар Рамеш (40), единствениот преживеан од уривањето на авион на „Ер Индија“ во Ахмадабад, контактирал со семејството и им соопштил дека е „во ред“, изјави неговиот братучед Ајеј Валги за Би-би-си њуз.
Според весникот „Хиндустан Тајмс“, Рамеш преживеал, а Валги додаде дека тој бил сместен до својот брат на летот и дека има сопруга и мал син дома.
На прашањето дали Рамеш е единствениот преживеан, Валги рече: „Да, чувме така, но не можеме да потврдиме сè додека не добиеме официјална информација“.
Тој истакна дека семејството е среќно што Рамеш е жив, но длабоко тажно поради судбината на неговиот брат.
– Не ни е добро, сите сме вознемирени – рече Валги, додавајќи дека чекаат информации за она што се случило со братот на Рамеш.
– Многу сум вознемирен, тој не ми е само братучед, туку и брат и најдобар пријател – изјави тој.