Воена болница во Дамаск стана сцена на ужас по пронаоѓањето на 40 тела со видливи траги на мачење – јавија западни медиуми.
Според бунтовнички извори, телата биле пренесени во координација со Црвениот крст за обдукција и идентификација.
– Отворив врата и видов тела со траги на сурово мачење – изјави еден од бунтовничките борци, опишувајќи ја глетката како шокантна.
Телата ќе бидат идентификувани во соработка со семејствата на жртвите.