фото: Пекселс

Најмалку 46 лица, меѓу кои 37 деца, се удавија во источната индиска држава Бихар додека се капеа ритуално за време на хиндуистички верски фестивал. Три лица се водат како исчезнати, објавија светските агенции, повикувајќи се на локалните власти.

Нивото на водата во резервоарите каде што се удавија овие луѓе опасно се зголеми откако поплавите го погодија регионот, изјави локален претставник за одговор при катастрофи.

– Овие луѓе го игнорираа опасно високиот водостој во реките и езерата кога отидоа да се капат за да го прослават фестивалот – додаде тој.

Слични инциденти се забележани во последните два дена во 15 области на Бихар.

За време на хинду фестивалот Џитија Парв, мајките извршуваат ритуално капење за благосостојба на нивните деца.