Четириесет лица се убиени, а 19 ранети во напад на суданската паравоена организација Сили за брза поддршка (РСФ) врз камп за раселени лица во регионот Северен Дарфур, објавија денеска спасувачите.
Боците на РСФ, кои се во конфликт со владината армија, упаднале во кампот Абу Шук и почнале да пукаат врз цивилите, а подоцна се упатиле во градот Ел Фашер, последната област што сè уште ја држи армијата, која е под опсада изминатата година.
РСФ од 2023 година е во жестока војна со суданската армија, а оттогаш во земјата владее глад, особено во Дарфур, регионот што е најпогоден од конфликтот.
Во последната недела во Ел Фашер, 63 лица починаа од глад, соопшти суданското Министерство за здравство.
Околу 40 проценти од децата под петгодишна возраст во овој град се акутно неухранети, а 11 проценти се во сериозни здравствени состојби, наведува Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации.