Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ќе отпатува за Русија и Украина оваа недела додека Анкара ги олеснува разговорите за прекин на огнот меѓу двете завојувани страни, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
– Денеска (вторник) го испраќаме нашиот министер за надворешни работи во Русија. Тој утре ќе разговара во Москва. Во Украина ќе замине следниот ден – изјави Ердоган по состанокот на владата.