Речиси 300.000 Американци во седум сојузни држави се без струја од вчера поради торнада и разорни грмотевици. Во големите бури што го зафатија континентот минатиот викенд загинаа 23 лица, а според синоптичарите, можни се нови невремиња проследени со силен ветер, град и поројни поплави. Во утринските часови, обилен дожд се очекува да го погоди источниот брег, вклучувајќи делови од Њујорк, Пенсилванија, Њу Џерси и Мериленд, соопшти Националната метеоролошка служба.
Поради невремето загинаа неколку лица. Осуммина во Арканзас, седуммина во Тексас, двајца во Оклахома и петмина во Кентаки.
Националната метеоролошка служба исто така прогнозира дека денеска над Тексас може да се развијат силни грмотевици, со налети на ветер чија брзина може да достигне 120 километри на час.
На југот на земјата ќе продолжи жешкото време и се очекуваат рекордно високи температури.