Претседателот на Комитетот за енергетика на Народното собрание на Бугарија, Радослав Рибарски, за БТВ изјави дека Бугарија бара од ЕК за две години да се одложи запирањето на увозот на руска нафта.
Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, Рибарски изјави дека засега нема официјален одговор од Европската комисија на барањето на Бугарија. Доколку не се добие одложување, Бугарија може да стави вето на заедничката одлука.
Бугарија е категорична дека ќе се бориме до последен здив за да добиеме одложување.
Со предложениот шести пакет санкции против Русија, ЕК предвидува постепено прекинување на увозот на руска нафта до крајот на годинава.