Холандија им подарува на украинските воздухопловни сили 24 ловци „Ф-16“ за да ги користат против цели во Русија, изјави денеска шефицата на холандската дипломатија, Ханке Бруинс Слот, пренесуваат холандските медиуми.
Бруинс Слот за агенцијата АНП вели за оваа одлука не е потребно одобрение од САД, а употребата на авионите не е ограничена само на границата кај Харков, како што е случајот со американското оружје.
Авионот „Ф-16“ е од американско производство, така што САД имаат влијание врз одлуките за неговата употреба и долго време ја стопираа испораката на авионите „Ф-16“ на Украина, посочуваат холандските медиуми.
-Но, ограничувањата за тоа каде Украина може да ги користи никогаш не беа дискутирани – вели Бруинс Слот.
Министерката во заминување ги негираше претходните извештаи дека САД треба да ја одобрат испораката на овие ловци.
Украина очекува да добие 30 белгиски ловци „Ф-16“, но може да ги користи само против цели во Украина, бидејќи тоа се услови поставени од Белгија.