Бродот „Рона“, кој пловеше под иранско знаме, вчера потоа во Каспиското Море. Се претпоставува дека транспортирал оружје во Русија, а потонал при враќањето во Иран, соопштија казахстанските власти.
Бродот пловел по рутата позната како коридор за транспорт на оружје.
Товарниот брод „Рона“, што можеше да превезува 2.453 тони, со должина од 114 и ширина од 13 метри, испратил повик за помош по што се спасени сите 14 члена на екипажот. Сите спасени се државјани на Иран и Индија, соопшти Министерството за надворешни работи на Туркменистан.
Податоците од следењето покажуваат дека бродот од октомври 2024 година до декември 2025 година околу 20 пати испловил од иранските пристаништа Амирабад и Анзали, а се закотвил во руските пристаништа Астрахан, Махачкала и Азов.
Украинските специјални сили во соработка со движењето на отпорот „Црна искра“ минатиот месец извршија операција во Касписко Море, погодувајќи два руски брода кои превезувале оружје и воена опрема.
Украинската армија во август минатата го нападнаа пристаништето Олја во регионот Астрахан, погодувајќи брод натоварен со компоненти за беспилотни летала „Шахед“ и иранска муниција.

































