Еден од најопасните сериски убијци во Велика Британија, Роберт Модсли, ќе почине во подземна стаклена ќелија откако му беше одбиено последното барање да живее со други затвореници.
Моментално е во приватна ќелија во подрумот на затворот, а таму ќе остане до својата смрт.
Одлуката е донесена бидејќи се смета дека е премногу опасен за другите затвореници и чувари.
– Тој беше одбиен минатиот месец, но ја обжали одлуката и сакаше да го помине Божиќ во присуство на други луѓе. Меѓутоа, тие му одговорија дека ова е последен пат кога му било кажано „не“ – пишуваат локалните медиуми.
Модсли сега треба да го помине остатокот од своите денови во ќелија од 5,5 x 4,5 метри, направена специјално за него во 1983 година – заштитена со стакло отпорно на куршуми.
Таму секој ден поминува по 23 часа.
Модсли го извршил своето прво убиство како 21-годишен. Тој го убил Џон Фарел. Имено, Фарел бил силувач и на Модсли му покажувал слики од деца кои сексуално ги злоставувал.
Тој се предал на полицијата и бил прогласен за неспособен за судење и испратен во болницата Бродмур.
Модсли генерално се чувал од неволја првите неколку години зад решетки. Потоа, заедно со уште еден затвореник – Дејвид Чизман го начекале во ќелија злоставувачот на деца Дејвид Френсис кој бил мачен до смрт пред неговото тело да биде обесено за да го видат затворските чувари. Модсли беше осуден за убиство.
Во 1978 година, Модсли го задавил и избодел Сални Дарвуд, кој бил во затвор поради убиство на неговата сопруга. Тој го скрил телото на Дарвуд под креветот пред да влезе во ќелијата на педофилот Бил Робертс, кој сексуално злоставувал седумгодишно девојче. Тој го избодел Робертс, му го отсекол черепот и му ја удрил главата од ѕид.
Тој беше лажно обвинет дека му го изел мозокот. Потоа беше осуден на доживотен затвор со препорака никогаш да не биде ослободен.