Папата Лав Четиринаесетти дециден за клучното прашање за половите:
Папата Лав Четиринаесетти ги кажа овие зборови во својата неделна миса, по повод Јубилејот на семејствата, бабите, дедовците и старите лица, на преполниот плоштад „Свети Петар“, каде што дојдоа верници од 131 земја. Папата подвлече дека само таквата љубов „овозможува, според ликот Божји, да се дава живот“
„Бракот е само меѓу маж и жена“, рече папата Лав Четиринаесетти и додаде дека „бракот не е идеал, туку правило на вистинска љубов меѓу маж и жена: целосна, верна љубов, плодна“.
Со ваквата изјава тој веднаш се најде во центарот на вниманието на разни маргинализирани општествени групи. Папата Лав Четиринаесетти ги кажа овие зборови во својата неделна миса, по повод Јубилејот на семејствата, бабите, дедовците и старите лица, на преполниот плоштад „Свети Петар“, каде што дојдоа верници од 131 земја. Папата подвлече дека само таквата љубов „овозможува, според ликот Божји, да се дава живот“.
Папата Лав Четиринаесетти: Родителите да бидат доследни примери за своите деца!
Тој ги повика родителите да бидат „доследни примери за своите деца, да се однесуваат онака како што сакаат нивните деца да се однесуваат, да ги научат да одат кон слободата преку послушност, секогаш барајќи го доброто во нив“.
Лав Четиринаесетти не направил ништо друго, туку цитирал кој е трајниот став на црквата, наведувајќи еден пасус од енцикликата „Humane Vita“ на папата Павле Шести. Колку папата Лав Четиринаесетти е апсолутно посветен на одбраната на семејството, потврдуваат и неговите зборови: „А вие, деца, бидете благодарни на вашите родители: кажете благодарност за дарот на животот и за сè што ни се дава секој ден со него. Конечно, драги баби и дедовци и стари лица, ви препорачувам да се грижите за оние што ги сакате, со мудрост и чувство, понизност и трпение на кои учат годините“.
Папата Лав Четиринаесетти: Единство во семејството, затоа што иднината на
народите ја создаваат семејствата!
Папата апелираше за „единство во семејството, кое е знак на мир за сите“.
– И ова е она што сакаме да му го објавиме на светот: ние сме тука за да бидеме едно, во нашите семејства и каде што живееме, работиме и учиме, различни, а сепак едно, многумина, а сепак едно, секогаш, во секоја околност и во секоја возраст од животот. И да не заборавиме, иднината на народите ја создаваат семејствата – рече папата Лав Четиринаесетти. Р.С.