Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Република Српска, по налог на Обвинителството на БиХ, го уапсија министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ, поради корупциски скандал за време на неговиот мандат како директор на „Патишта на РС“.
Нешиќ најпрвин не им беше достапен на судските и полициските органи и најави дека сам ќе дојде на рочиштето. Тој во моментов е на распит, но официјално не е објавено каде се наоѓа.
Обвинителството на Босна и Херцеговина соопшти дека освен Нешиќ, уапсен е и Младен Лучиќ, како и актуелниот директор на Патишта на РС Милан Дакиќ и уште четири лица.
Според информациите на Klix.ba, постои причина да се сомнева дека компаниите кои ги одржуваат патиштата биле принудени да соработуваат со компанијата „Леџенд“ д.о.о. со тоа што од неа купувале абразивен материјал за посипување на патиштата по значително повисоки цени од пазарните.