Бразилскиот претседател во заминување Жаир Болсонаро ја напушти земјата и замина во САД, 48 часа пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател, Игнасио Лула да Силва, тврдејќи дека „ја загубил битката, но не и војната“. Претседателската функција сега ја има заменик-претседателот Хамилтон Мурао, пренесува Ројтерс.
Болсонаро изјави дека не сака да му ја предаде претседателската функција на Лула да Силва и ја доведе во прашање легитимноста на октомвриските избори на кои беше тесно поразен.
Пред да ја напушти земјата, тој преку социјалните мрежи имаше емотивно обраќање до Бразилците, потсети на клучните моменти од неговото претседателствување и ги повика приврзаниците да ја продолжат борбата.
Претседателот не објави каде ќе патува, но според веб-страницата „флајтавер“, која го следи воздушниот сообраќај, крајната дестинација на неговиот лет е Орландо, во американската сојузна држава Флорида.