Богатите од технолошкиот сектор на листата на милијардери на „Блумберг“ изгубија вкупно 80,2 милијарди долари имот за краток временски период од отворањето на американската берза денеска поради распродажбата на акциите на технолошките компании по вревата предизвикана од кинескиот модел со вештачка интелигенција Дипспик (DeepSeek).
Извршниот директор на калифорниската компанија Нвидија (Nvidia) Џенсен Хуанг, според податоците објавени во 16:20 часот, бил посиромашен за 13,3 милијарди долари, што претставува пад од 11 отсто во однос на вредноста на отворањето на пазарот.
Ко-основачот на „Орикл“, Лери Елисон, исто така загуби огромна сума од 12,5 милијарди долари, пишува „Блумберг“.