Фото: Пиксабеј

Вселенската компанија на милијардерот Џеф Безос, „Блу Ориџин“ (Blue Origin), денеска соопшти дека ќе ги продолжи летовите во вселената почнувајќи од 19 мај, по проблемот со летот пред помалку од две години.

Следниот лет на „Блу Ориџин“ ќе биде седми со луѓе во ракети лансирани од Западен Тексас.

Компанијата планира да го направи тоа по лансирањето на ракетата Њу Шеперд на 19 декември, која имаше задача да спроведе серија експерименти на границата на вселената.