Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека руската рестрикција на украинското жито можеби придонела за немирите во Шри Ланка, а најверојатно ќе покрене и други кризи.
– Гледаме како влијанието на руската агресија се рефлектира насекаде. Тоа можеби придонесе за ситуацијата во Шри Ланка. Загрижени сме поради нејзиното влијание врз целиот свет – истакна Блинкен на прес-конференција во Бангкок.
Тој повторно побара од Русија да дозволи извоз на околу 20 милиони тони жито од Украина.
– Констатираме растечка прехранбена несигурност низ целиот свет,што е значително влошена од руската агресија врз Украина – наведе Блинкен.
Тој посочи и дека тоа влије и врз Тајланд каде е зголемена цената на вештачките ѓубрива.
– Тоа е важно, особено во динамична земјоделска земја како Тајланд, бидејќи недостатокот на ѓубрива ќе доведе до пад на приносот на земјоделските култури следната недела, а постои и ризик од зголемување на цените – посочи американскиот државен секретар.
Блинкен е во посета на Тајланд, најстариот сојузник на САД во регионот, а пристигна по состанокот на Г-20, што се одржуваше на индонезискиот остров Бали.