Фото: Доналд Трамп/Фејсбук профил

Британскиот јавен сервис Би-би-си ќе преземе правни чекори за да се отфрли тужбата за клевета на американскиот претседател Доналд Трамп..

Би-би-си ќе поднесе барање за отфрлање, тврдејќи дека Судот во Флорида нема надлежност над британскиот сервис, оти местото на судењето е „несоодветно“ и дека Трамп „не успеал да го докаже тврдењето“.

Исто така, Би-би-си тврди дека не го создала, продуцирала или емитувала документарецот во Флорида и оти тврдењето на Трамп дека документарецот бил достапен во САД на стриминг услугата „БритБокс“ (BritBox) не е точно.

Би-би-си ќе тврди дека Трамп не успеал да докаже дека документарецот имал „зла намера“.

Трамп го тужи Би-би-си и бара отштета од 10 милијарди долари за манипулирање на неговиот говор од 6 јануари 2021 година во емисијата „Панорама“ емитувана во 2024 година. Адвокатите на Трамп тврдат дека Би-би-си го клеветела претседателот со „намерно, злонамерно и измамничко манипулирање на неговиот говор“.

Документарецот на Би-би-си вклучува три извадоци од говорот на Трамп – Ќе одиме пеш до Капитол … и јас ќе бидам таму со Вас. И ќе се бориме. Ќе се бориме како пекол“, поради што се добива впечаток дека американскиот претседател ги охрабрил своите поддржувачи да ја нападнат зградата на Капитол во 2021 година.

Би-би-си призна дека е монтажата на говорот на Трамп било „погрешна процена“ и се извини, но тврди дека нема основа за тужба.