Украина сака САД да ги соборат руските ракети, како што го сторија тоа со иранските проектили упатени кон Израел, но од западните сојузници добиле одговор дека „Русија има нуклеарно оружје, а Иран нема“!
Некои аспекти на односот на западните сојузници кон Украина и споредба со третманот кон Израел
Киев отворено ги обвини западните сојузници дека имаат практика на „двоен стандард“, објавува европското издание на магазинот „Политико“.
– Ако сојузниците заедно соборуваат ракети на небото на Блискиот Исток, зошто сè уште нема одлука за соборување беспилотни летала и ракети над Украина – постави прашање во јавноста украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Имено, „САД неделава распоредија напреден систем за противвоздушна одбрана и трупи за да го заштитат Израел од иранските балистички ракети, додека за Украина нема слична помош, иако таа секојдневно се соочува со руски беспилотни летала, ракетни и артилериски напади“, се наведува во ставот на официјален Киев.
Од друга страна, функционер на американскиот Сенат задолжен за Украина во изјава за „Политико“ вели дека Украинците имаат одамна одговор и став од САД и сојузниците, но можеби Киев не сака да го слушне.
– Тешкиот одговор што Украинците можеби не сакаат да го чујат, а за жал, тој е реалност, е дека можеме да го преземеме ризикот да собориме ирански ракети над Израел, без да предизвикаме директна војна со Техеран што може да доведе до нуклеарна војна. Има многу поголем ризик во таков обид со Русија – истакна тој.
Ризикот од судир на нуклеарни сили – клучен фактор
Испраќањето американски сили над Украина за соборување руски ракети би можело да предизвика директна воена пресметка меѓу двете најголеми нуклеарни сили во светот, во време на најголемата војна во Европа од Втората светска војна, со потенцијални апокалиптични последици. Истовремено САД на Блискиот Исток можат да соборат проектили над Израел без да предизвикаат војна со противник со нуклеарно оружје.
„Политико“, сепак, истакнува дека веќе постои активно долгорочно сојузничко учество секогаш кога Русија ја напаѓа Украина.
– Партнерите обично ни сигнализираат за движењата на руските бомбардери кон позициите за гаѓање. Тие ни кажаа кога и каде Русите подготвуваат напад – изјави во јавноста Јуриј Ихнат, вршител на должноста портпарол на украинските воздухопловни сили.
Откако ќе бидат предупредени, илјадници украински војници од извидувачките, комуникациите и мобилните единици за воздушна одбрана тргнуваат во акција.
Киев сака Полска и Романија активно да интервенираат, како во нивниот воздушен простор, така и над западна Украина. Киев и Варшава се согласија да разговараат за можноста за меѓусебен безбедносен договор, но Полска засега не ја менува својата политика.
Руски беспилотни летала знаеја да заталкаат над Полска и Романија, при што двете членки на НАТО реагираа со поставување авиони во набљудувачки акции, без да ги соборат руските дронови.
Варшава јасно стави до знаење дека нема да дејствува без комплетна поддршка на цело НАТО, а полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш рече дека таквата поддршка недостига. Тој додаде дека и Вашингтон посочил оти не сака да ескалира конфликтот со Русија.
Киев се надева дека со западните сојузници ќе биде договорено соборувањето проектили и беспилотни летала над Украина, исто како што доби западна воена помош што вклучува артилерија, тенкови, ракети и борбени авиони, и покрај претходните стравувања дека тоа ќе ги премине руските „црвени линии“. Р.С.
Украина сака третман како Израел?!
Додека Киев посакува ист однос на западните сојузници како кон Израел, Укра-инците се свесни за тешкотиите да се оствари тоа, наведува „Политико“, пови-кувајќи се на украински воени извори.
Израел е мала земја, што значи дека САД можат да ги користат своите системи за воздушна одбрана монтирани на брод. Украина, пак, е огромна и недостапна за западните морнарици: нејзините сојузници ќе треба да стационираат против-воздушна одбрана на западната граница на земјата, од која би можеле да ја за-штитат само блиската територија.
– Членките на НАТО што влегуваат во воздушната одбрана на Украина ќе треба да донесат многу поголем придонес, на поширок простор, со поголем ризик од влегување во војна за несигурни придобивки. Трошоците исто така би биле по-големи, бидејќи зачестеноста на руските напади е многу поголема од значајни-те, но реактивни ирански обиди за директен напад врз Израел – објаснува Метју Савил, директор за воени науки во лондонскиот институт „Ројал јунајтед“.
Земјите членки на НАТО во тој случај можеби ќе треба да летаат со авиони-лов-ци над Украина, што може да доведе до директни судири со Русија, токму она што Белата куќа се обидува да го избегне.
„Најдобриот пријател“ на САД има повластен однос
Додека многу земји тврдат дека се најдобар пријател на Америка или клучен со-јузник, Израел зазема единствена позиција во политиката и одбранбената стра-тегија на САД. Американски официјални лица укажуваат на врската градена со децении, онаа што го остави Вашингтон подготвен да ја распореди својата вој-ска со цел директно да го заштити Израел.
Сепак, обвинувањата на Киев за согледани двојни стандарди одразуваат поши-рока фрустрација во Украина што администрацијата на Бајден не прави довол-но за да му помогне на Киев за да ги запре руските напади. Украинците се неза-доволни од бавната продажба на оружје и ограничувањата за користење оружје со долг дострел од страна на САД.
Американски официјални лица признаа дека се свесни за зголемените фрустра-ции во Украина, но рекоа дека работат на нови испораки на оружје за кои се на-деваат дека ќе ја смират оваа загриженост, заклучува „Политико“.
Секнува западната помош за Украина
Франција го остава Киев без ветените три милијарди евра
Франција нема да ѝ ги додели на Украина ветените три милијарди евра поради голем буџетски дефицит. Ова го соопшти францускиот министер за одбрана Себастијан Лекорн, а пренесува „Политико“, наведувајќи дека Франција пре-дизвикала шок и неверување во Киев. Лекорн истакнал и дека дополнителни трошоци за помош за Украина нема да бидат побарани од парламентот до крајот на годинава.
Одлуката за доделување помош до три милијарди евра за Украина беше вклуче-на во билатералниот безбедносен договор меѓу Киев и Париз, кој претседатели-те Володимир Зеленски и Емануел Макрон го потпишаа во февруари.
Но, како што пишува „Политико“, Франција била принудена да ги намали тро-шоците за помош на Украина, бидејќи буџетскиот дефицит за годинава би мо-жел да изнесува околу шест отсто од БДП на земјата.
Неодамна беше објавено дека Германија повеќе нема да испраќа тешка воена опрема во Украина. Претходно Америка не дозволи употреба на ракети со долг дострел за гаѓање цели на руска територија, додека ветениот голем пакет по-мош од Велика Британија е „на чекање“. Р.С.