Проширувањето на ЕУ е можно само доколку овој процес биде проследен со реформа на Унијата, изјави Јорг Кукиес, државен секретар во германската влада и врвен советник на германскиот канцелар Олаф Шолц, пишува денеска европскиот портал „Еурактив“ цитирајќи изјава дадена на конференција во Берлин во организација на порталот.
– Германија ќе се согласи за пристапување нови земји членки само доколку овој процес е придружен со реформи во ЕУ за да не се загрози способноста на ЕУ да дејствува – рече Кукиес.
Според него, успехот на реформата на ЕУ би се сведувала на „колку напорно преговараме“ и „колку јасно комуницираме дека ќе дозволиме проширување само доколку има институционални реформи“, пренесе „Танјуг“.